Вебсајтот за сложувалки со бројки, Calcdoku, објави истражување според кое корисниците на Гугл Хром имаат највисока нумеричка интелигенција.
Во истражувањето е споредена успешноста во решавањето на сложувалките, со интернет пребарувачот во кој тие биле решени.
Според податоците, корисниците на Хром најбрзо ги решавале загатките, на второ место се корисниците на Фајфрокс а на трето корисниците на ИЕ.
Најголемата разлика меѓу корисниците на Хром и ИЕ е кај сложувалките со 4 х 4 полиња. Кај по напредните загатки, разликата меѓу првиот и последниот значително се намалила.
Освен што последни ги решавале задачите, корисниците на ИЕ било и најверојатно да се откажат од решавање на проблемот.
Ако сакате да му помогнете на вашиот браусер, клик тука.