
Влогер на Гугл истовремено е кул и морничава технологија која оживува фотографии. Ја анимира вашата (или туѓа) фаца и ѝ дава природни гестикулации и изрази.
Магијата е составена од два дела:
- читање од уста која ги предвидува движењата врз основа на аудиото.
- аниматор: создава видео фремови од фотографијата и звукот.
Оригиналното видео може да е во еден јазик а да се стави аудио во друг јазик:
Оваа ВИ не се сведува само на базични операции за едитирање. Може да анимира нови фацијални изрази и движења.
Во оваа фаза не може да креира нов лик и неопходна му е фотографија. Проектот е истражувачки и сè уште не е достапен на јавноста.
Види и: