Кога во равенката би се ставиле сите форми на даноци и добивки, испаѓа дека сиромашните Американци плаќаат повисoки даноци од најбогатиот 1%.
Таквата анализа би започнала со локалните и државните даноци кои често се игнорирани од оние кои сметаат дека богатите се премногу оптоварени од давачки. Тие два вида давачки кај долните 20% се двојно поголеми од топ 1% (10,9% наспроти 5,4%). А ситуацијата би изгледала и многу полошо доколку би се земале предвид и нереализираните добивки (профитабилна позиција која уште не е искеширана).
Оправдување за тоа има и во 16 амандман кој на Конгресот му дава „право да собира даноци за приходи, без разлика од кој извор доаѓаат“. Таква е и оригиналната дефиниција за добивката (скована во 20-тие години од Хеиг и Симонс) која сè уште ја користат економистите.
Во тој случај би се добиле следниве факти: сиромашните во тотал плаќаат околу 25%, а најбогатите од фамозниот еден процент плаќаат меѓу 18 и 23% од приходите.
После сите трансфери (ти на државата преку даноци, државата тебе преку програми и сервиси), испаѓа дека приходот на долните 50% од американското општество се нема поправено од 1979 година. А парите што државата ги дава за социјална сигурност и минимум егзистенција е само една шестина од вкупните пари кои ги враќа во заедницата.