За тие што цело време нарачуваат астероид да удри

Пример, имате железен астероид со дијаметар од 500 метри кој со брзина од 25 км/ч ќе удри на градски плоштад. Од ова загинуваат 8.303 луѓе, кратерот е длабок 453 метри, и се протега речиси од бензинската кај поликлиника Букурешт до после Ист гејт.

На располагање имате неколку различни типови астероиди и една комета, и на сите можете да им менувате параметри од дијаметар и брзина на удар, до агол под кој ќе ја закачи Земјата. Плус, на секој удар имате бонус колку штета би направиле други видови на катастрофа, ако удрат на тоа место.

Тие што сакаат да си го пробаат својот астероид, клик тука.

********

Читател веќе го пробал и неговите параметри се овие:

2 февруари 2023 - 09:41