Детокс апликација, затоа што до таму е стигната работата

Инсталираш апликација, по икона личи како твојата омилена што без разлмисување ја кликаш неброени пати на ден и за која одбиваш да признаеш дека си навелечен(a). По функционалности не прави ништо од тоа што очекуваш, само имаш икона, ти дава да ја кликнеш колку да ти пројде меракот, и ти брои колку пати ја имаш кликнато. Не е лошо за почеток за одвикнување.

Потребно е линкот да го отвориш во Хром на мобилен. Таму бираш која апликација ти е маката, и со неколку клика се креира икона на телефонот. После од тебе зависи што и како ќе продолжиш.

Клик тука

 

5 август 2019 - 15:48