Тивкиот голман со 21 трофеј во Барселона кој исчезна од јавниот живот

Човекот кој некогаш стоеше на најголемите фудбалски сцени, е еден од ретките славни ликови, кој успеа еден дел од својот живот да го мине во целосна тишина.

Кога последен пат сте прочитале нешто за Виктор Валдес? Голманот кој беше критикуван дека е најслабата алка на Барселона во тимот на Пеп и кој во 12 години стаж, имаше 535 настапи и 21 трофеј, меѓу кои 3 титули во ЛШ.

Во април годинава направи кам бем во фудбалот, како тренер во четвртата шпанска лига. Но претходно никаде го немаше.

Валдес се пензионираше во 2017-та во Мидлсброу на 35 години, а следната година се врати во фудбалот како тренер откако се стекна со УЕФА Про лиценца заедно со сонародниците Чави, Раул и Чаби Алонсо.

Во 2019-та направи кам бек во Барселона за да го тренира тимот за играчи до 19 години, но брзо беше отпуштен поради кавга со директорот на Ла Масија, Патрик Клајверт.

Имаше уште еден тренерски обид, во малиот клуб Хорта и тоа е последниот негов ангажман во 2020/2021, сè до годинава.

Шпанскиот голман најави уште пред да се повлече од играње фудбал:

„Кога ќе се пензионирам, ќе исчезнам. Ќе одам некаде каде што никој нема да може да ме најде.“

И така и направи. Ги избриша профилите на социјалните мрежи и исчезна. Никој не знаел каде живее, што прави или дали воопшто сака да биде пронајден. Го избришал WhatsApp и повеќе не одговарал на пораки. 

„Кога светлината ќе згасне еден ден, тогаш јас ќе бидам со моите деца, учејќи ги за животот. Но, се надевам дека кога светлината ќе згасне, ќе биде тешко да см најде мене“, изјави Валдес уште во 2015-та.

Колку и да го оспоруваа дека не е на ниво на таа златна генерација предводена од Гвардиола, сепак Валдес влезе меѓу легендите.

После кариера исполнета со титули и незаборавни ноќи, тој стана една од многуте ретки ѕвезди, која успее еден дел од животот, да се повлече во целосна тишина, за која можеби ќе прозбори еден ден.

11 август 2025 - 13:56