За почеток .new е понуден и имплементиран во неколку сервиси, нормално, плус тие на Гугл. Па ако во брaусер внесеш sheet.new, веднаш ти се отвора нова Гугл табела; doc.new ти отвора нов Гугл документ. Од надворешните сервиси достапен е link.new за креирање Битли линкови, и playlist.new за поставување Спотифај листа.
Ова се почетните опции кои треба да ги покажат способностите на сервисот, а од 2-ри декември Гугл ја отвора регистрацијата за други сервиси кои сакаат имаат сопствена .new опција.