Радио бавча

Пред појавата на социјалните мрежи, вакви згодни и досетливи зезалици беа причина да се дојде на интернет. После појавата на социјалните мрежи, вакви згодни и досетливи зезалици се причина да се остане на интернет.

Се работи за радио. Еден од медиумите кои едвај, ама сепак преживува во интернет ерата а спојот со глобалната мрежа му нуди огромен добац на неговите содржини.

Освен нашето цакано радио со миленце (на кое моментално има 25 македонски радио станици), наоколу има многу згодни интернет радио идеи. Одамна (дал овде, дал на он.нет) го имаме презентирано Radioooo‪o‬ кое и ден-денес ни е фаворит поради феноменалната можност да се пребарува и географски и временски.

Но, да ве запознаеме со уште една радио зезалица, згодна првенствено заради начинот на презентација на менито. Ја имате пред себе целата планета и на неа некои зелени точки. Секоја зелена точка е радио станица од тоа место. Заради прецизност, може да се зумира па да се отиде точно до саканата дестинација.

Но, не ја преценувајте прецизноста. Ние по грешка се зацапавме во Радио Сврљиг. Па кога се погодија песни, па кога ни тргна шутот....

Се вика Radio Garden и го имате овде 

17 февруари 2021 - 13:43