Понудата на Микрософт важи до 15-ти јуни (и е генерално за американски пазар), а во неа се вклучени 90 дена бесплатна техничка поддршка и префрлување на податоците од стариот компјутер.
По неколку одложувања, Микрософт во април ја прекинува поддршката за една деценија стариот Виндоус ИксПе оперативен систем. Ова значи дека безбедносните пропусти на системот што ќе бидат откриени во иднина нема да бидат "крпени," што ќе ги остави корисниците на стариот оперативен систем подложни на најразлични напади.
Новата понуда е откако субвенциите од 50 долари за откажување од ИксПе не помогнаа многу. За Микрософт дополнителен проблем во целата работа е што овие корисници на Виндоус се научени да работат на 3 генерации стар оперативен систем, кој сериозно се разликува од најновата верзија Виндоус 8.