Гаџети

Македонска азбука, нарачано, стигнато, монтирано

Македонски тастатурџии пред некое време побараа да им дадеме малку залет во нивната намера за прв пат да направат македонски капачиња за механички тастатури. Ние ви ги претставивме, вие ги бендисавте и со заеднички сили собраа неопходен кворум за својот проект. Сега сакаат да се пофалат дека МКД капачињата се стигнати и монтирани.

Направени првите македонски капачиња за механички тастатури

Група наши луѓе ентузијасти за тастатури седнаа и ги дизајнираа првите Cherry MX капачиња со македонски подлегенди (кирилични букви кои стојат покрај латинските на капачињата) за ним омилените механички тастатури.

Шаоми Киклоп

12С Ултра е најновиот модел од Шаоми што нема никако да го помешате со друг телефон затоа што кога Шаоми плаќа за камера од Леика, тој сака да се знае дека платил за камера од Леика.

Епл го укина Ајпод

На 10 мај Епл објави дека го укинува Ајпод Тач, последниот достапен модел на Ајпод. Уште пред три години кога излегува последната верзија на Ајпод Тач, Маркус Браунли праша зошто воопшто постои Ајпод.

Дрон едносед

Тежи 90 килограми, чини 92 илајди евра и може да ве однесе од каде сакате до каде сакате, се додека таму се стигнува за 20 минути.