Кога зборувавме со нив тие го имаа подготвено дизајнот (шаблоните) за капачињата, ама фалеа луѓе за исполнување на групната нарачка. Дел од вас им се приклучија на Дискорд серверот, каде што им е главната собиранка, и се приклучија на нарачката.
Да потсетиме македонските капачиња за механички тастатури се направени од PBT пластика, и се испечатени со „сублимација на боја – процес кој креира долготрајни букви и знаци што нема да се избришат лесно.“
Крајниот резултат изгледа вака:
Уште еднаш за сè што ве интересира на темава или општо сакате да почнете со ова хоби, не се срамете да ги контактирате на Дискорд, многу сакаат да ви кажат сè што не ви е јасно за тастатури (посебно за Cherry MX свичови, стари ИБМ тастатури...).