На нив не им е јасно како на луѓе не им е јасно колку е важно да имаш добра и квалитетна тастатура, не толку во однос на пари туку во квалитет на изработка и удобност за користење:
„Ако поголемиот дел од денот го поминувате во пишување, кодирање или играње игри, механичката тастатура може да биде удобна, приспособлива надградба во однос на плитката, досадна тастатура што доаѓа со вашиот компјутер.
Секое притискање на копчињата на добро изработена тастатура треба да донесе уникатна радост, бидејќи секој такт дава идеален фидбек, а секое копче е стилизирано да одговара на избраната естетика.“
Со вакви идеали тимот се зафаќа со проект за дизајнирање и изработка на првите македонски капачиња за механички тастатури. И подвигот им успева, сетот македонски капачиња е создаден и чека на групно купување за да биде испорачан до своите сопственици. Групното купување е стандарден начин на купување на кој функционира купувањето/продавањето во светот на колекционери на тастатури, како за копчиња, така и за ретко достапни делови и цели тастатури.
Македонските капачиња се од PBT пластика (ABS и PBT се двете најчести пластики што се користат во производството на капачиња за тастатури, и имаат различно чувство, звук и изглед) на која нашите кирилични букви се испечатени со „сублимација на боја – процес кој креира долготрајни букви и знаци што нема да се избришат лесно.“
„Централата“ на дечките се наоѓа на Дискорд, па таму ќе може да ги контактирате за сè дополнително што ве интересира околу нарачката на македонските копчиња и општо околу тастатури, нивно колекционирање, склопување и демонтирање.
Линк до македонскиот Дискорд сервер за механички тастатури имате тука.