Македонски тастатурџии пред некое време побараа да им дадеме малку залет во нивната намера за прв пат да направат македонски капачиња за механички тастатури. Ние ви ги претставивме, вие ги бендисавте и со заеднички сили собраа неопходен кворум за својот проект. Сега сакаат да се пофалат дека МКД капачињата се стигнати и монтирани.
Група наши луѓе ентузијасти за тастатури седнаа и ги дизајнираа првите Cherry MX капачиња со македонски подлегенди (кирилични букви кои стојат покрај латинските на капачињата) за ним омилените механички тастатури.
Ц-цкањето по тастатура, со чест на ислучоци, главно е за банални мејлови, ексел таблици или гуглања. Кој рече дека истото не може да создава баш фина музика.
Дело е на Лофри, безжична е, со пастелни бои, се врзува на андроид, иос, ПЦ и Мекинтош, и изгледа како да е на аудиција за следниот филм на Вес Андерсон.
Вашата навика за користење на тастатурата се менува во зависност од тоа во кој стадиум од животот сте и што во моментот преовладува во вашиот дневен распоред.