JazzKeys e онлајн текст процесор кој го претвора куцањето на тастатура во џез импровизација.
Апликацијата е дело на дизајнерската фирма План8, поставена на нивната страница за бесплатно користење. Како што се формира реченицата, така всушност се формира и мелодијата, и на крај добивате уникатна композиција. Може да одберете и некоја од големите пијано композиции, па да куцате во ритамот на Келнскиот концерт на Kит Џерет, на Blue in Green на Мајлс Дејвис и други.
Една од најкул опциите е што може да ви ја сними композицијата што сами сте ја „истипкале“ и да ја испратите заедно со пораката доколку станува збор за приватен мејл.
Еве како звучи воведот на овој текст искуцан во програмчето, сосе бришењето и корекциите. Најинтересно е ако се брише целиот текст со „бекспејс“ - како забрзано „глисандо“ од повисоките до најниските скали на пијаното.
Пробајте тука