Ова е неспоредливо најскапата кампања на Микрософт до сега, за споредба комплетната промоција на Виндоус 95 чинеше 200 милиони долари.
Сумата која ќе биде потрошена на кампањата единствено може да се спореди со парите што се трошат на претседателските избори.
Виндоус 8, кој треба официјално да се појави на 26 октомври, се смета за веројатно најголем ризик што компанијата го превземала во своето постоење.
Новиот оперативен систем има радикално поразличен изглед и функционалност од сите досегашни Виндос системи, пред се оптимизиран е за работа на таблет компјутери, а за прв пат најголемиот дел од програмите е предвидено да бидат сместени на "cloud" системи, наместо локално да се инсталираат на него.