Неполн месец откако се појави конечната верзија на Виндоус 8, и исто толку време по измешаните и не така благонаклони рецензии, главниот архитект на новиот оперативен систем, Стивен Синофски, го напушти Микрософт.
Уште не е познато колку Микрософт планира да заработи на Виндоус 8, ама затоа се знае дека планира да потроши меѓу 1,5 и 1,8 милијарди долари на негово рекламирање.