Во случај да не успее сегашната соработка со Микрософт и освојувањето на пазарот на мобилни со Виндоус оперативен систем, Нокиа ќе си го бара спасот на друго место.
Зборувајќи на финската национална телевизија, Ристо Сииласмаа, изјавил дека компанијата е сигурна дека Виндоус 8 телефоните ќе бидат успех, но дека имаат бекап план во случај нешто да не тргне како што треба.
Иако не нагласил конкретно дека станува збор за Андроид, на компанијата и не и останува многу избор. Епл не планира да го сподели iOS со кого било, оперативниот систем за смартфони што го развиваше Нокиа, MeeGo, е комплетно ставен на пауза, компанијата нема намера да се враќа на Симбијан (и Ристо го нагласил ова во интервјуто) а останатите мобилни оперативни системи или не се доволно стабилни или не се доволно развиени.
- Дебата на Quora, зошто Нокиа нема да оди на Андроид
- Wired не се согласува со анализата на Форбс
- Мозила ќе вади Фајрфокс оперативен систем за мобилни