Вниманието што успеа да го собере воскреснатата верзија на класичниот "дамбфон" и тоа во лутата конкуренција на најголемиот светски саем за мобилни телефони, покажува дека "веќе немаш простор за унапредување на смартфони кои и онака сè прават".
Нокиа го заврши својот дел од работата и најави дека кон крајот на февруари ќе ја презентира модернизираната верзија на Нокиа 3310. Засега сите шпекулации водат на тоа дека и модернизираната верзија ќе биде „дамб“, односно типот на цигла што го имавме пред појавата на првиот Ајфон.
Во 2008-ма новинар на финскиот весник Helsingin Sanomat по службена должност добива нова Нокиа Е 51. Ова му е трет телефон до тогаш. Откако не успева да сфати како да го работи, по неколку денови им пишува писмо на Нокиа.
Како и во минатото, така и сега најдобриот глуп телефон е произведен од Нокиа, изработен е од алуминиум, екранот му е од Горила Глас а батеријата му "држи" 38 дена.
Откако славниот слоган за "connecting people" тотално изгуби во безмилосната војна со Епл и Самсунг, Нокиа верува дека може да ја врати славата со полнење на батеријата од - ништо.
Сред најголемата војна на смартфони, Нокиа реши да го понуди она што најдобро знае да го прави, мобилен телефон, со копчиња и батерија што му трае еден месец (на стенд-бај).
Во целата дебата околу Гугл и Епл мапи упорно се појавува Нокиа, и покрај тоа што како бренд одамна никој не го споменува за ништо кога се во прашање мобилните.
Нокиа го промовираше нивниот "носечки телефон" Lumia 920, кој е првиот телефон оптимизиран за Виндоус и кој во основа треба да ја спаси компанијата. Еден ден потоа сите зборат за тоа како Нокиа лажела на рекламата.