Причината заради која Нокиа е толку споменувана кога се во прашање мапите е начинот на кој тие ги собираат податоците. Додека Гугл има 7.000 луѓе кои работат на Стрит Вју и на софтверот за мапите, Нокиа има илјадници и илјадници возачи.
Разликата е во тоа што Нокиа освен од своите возила, ги собира и ГПС податоците од возилата на ФедЕкс и УПС. Па така, додека автомобилите на Гугл возат по 8,8 милиони километри годишно, само возилата на УПС минуваат 5,3 милијарди километри годишно.
Дополнителна придобивка на сите овие километри, е што Нокиа постојано има увид во сите промени што се случуваат на терен, што во основа е и најтешкиот во одржувањето на кој било софтвер за мапи.