Најдобриот глуп телефон што можете да го купите

Како и во минатото, така и сега најдобриот глуп телефон е произведен од Нокиа, изработен е од алуминиум, екранот му е од Горила Глас а батеријата му "држи" 38 дена.

Без разлика што сите зборат само за смартфони, во светот се уште има милијарди глупи телефони. Најголемиот дел од овие се направени за да бидат евтини, а и така изгледаат. За разлика од нив Нокиа 515 во изработката препишува од поскапите смартофни, со цел да остави впечаток на телефон од повисока класа.

Нокиа 515 ќе го има во верзија со една и две СИМ картички, и ќе може да се бира меѓу црн и бел телефон. Телефон нема да има ниту Андроид, ниту iOS, туку ќе работи на Симбијан.

Функционалностите му се телефонски повици, пораки и аларм, а има и камера од 5 мегапиксели. Екранот му е изработен од Горила глас и има резолуција 320х240. Уредот поддржува HSDPA интернет.

31 август 2013 - 12:35