Целата идеја на Нокиа е мобилен кој ќе се полни додека е на стенд-бај, а полнењето ќе биде преку собирање на енергијата од радиобрановите кои се наоѓаат околу нас (од ТВ, радио и мобилните телефони). Собраната енергија е мала меѓутоа ќе биде доволна за мобилниот да може бесконечно да се одржува во стенд-бај.
Разликата меѓу овој модел и сите претходни обиди од други компании е што Нокиа тврди дека може да собере големи количини на енергија (околу 1.000 пати повеќе од кој било до сега) од сигнали кои доаѓаат далечини од неколку километри.
Првиот обид за собирање на енергија од радиобранови го прави Никола Тесла во 1893-та, кој ја разгледува идејата за изградба на интерконтинентална кула која безжично би испраќала енергија преку Атлантикот.
Целиот систем им се базира на широкопојасна антена и две струјни кола. Антената фаќа голем опсег на фреквенции (од 500 мегахерци до 10 гигахерци) и едното струјно коло ги претвора електромагнетните бранови во струја, додека второто е дизајнирано да ја пренесе оваа струја во батеријата и да ја полни.
Краткорочната цел на проектот е од брановите да се соберат над 20 миливати, што е доволно енергија за телефонот бескрајно да се одржува стенд-бај состојба. Крајната цел е собирање на околу 50 миливати што би било доволно за полека да се полни батеријата.
Безжичното полнење не е замислено како единствен извор на енергија, туку да се користи заедно со другите технологии за полнење на уредот.