Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Менкиноски до Џамбаски: Правата на Македонците не се антибугарска тема

26 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Контроверзниот бугарски европратеник Ангел Џамбаски отворено се спротивстави на кандидатурата на адвокатот и борец за правата на македонското малцинство во Бугарија, Тони Менкиноски, за судија што ќе ја претставува Македонија во Европскиот суд за човекови права. Било неприфатливо Бугарија да дозволи ова лице да влезе во таква „антинационална и затоа антибугарска организација како што е ЕСЧП“, а биографијата на Менкиноски била, „повеќе од скандалозна“.
  • Менкиноски го потсети дека „прашањето кое го отвораме не е „антибугарско“, туку дел од долгогодишна правна и демократска дебата во рамките на Советот на Европа, а во корист на нас Македонците“.
  • Го потсетува и дека Венецијанската комисија уште во 2018 година ѝ препорача на Бугарија уставни измени а иста препорака има дадено и комесарот за човекови права,  Томас Хаммарберг. 
  • „И конечно - мојата порака како Македонец: Ние, Македонците – без разлика каде живееме – секогаш ќе се бориме мирно, демократски и упорно за нашите основни човекови права: правото на самоопределување, правото на здружување и правото на достоинство. Никогаш нема да се откажеме од овие вредности. Не затоа што се против некого, туку затоа што се за слобода, еднаквост и почитување на човекот. И затоа ние Македонците никогаш нема да попуштиме пред никого“, порачува Тони Менкиноски. 
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

АНБ со мирис на УДБА

5

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
6

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Почина Биљана Плавшиќ

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

8

Канада ќе се потруди затворениците хигиенски да шмркаат дроги

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога се правиш Енглез

Професорска демонтажа на звучните идеи на денешнината

Ѝ доаѓа ли крај на западната надменост кон Балканот?

Доза Ципрас за оние кои голтаат со затворен нос

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy