Информацијата беше објавена вчера во доцните часови (период кој понеделнички американската публика го троши на фудбал / тв серии).
"Невозможно е да ги избројам сите благослови што ги добив цело ова време додека работев во Микрософт. Почестен сум од професионализмот и великодушноста на сите со кои работев," напишал Стивен во својата одјава од Микрософт.
Синофски претседаваше со пуштањето на Виндоус 8 оперативниот систем и Surface таблетот на Микрософт. Двата производи се сметаат за клучни за иднината на компанијата.
Како што беше случајот со Епл пред неколку недели кога го отпуштија Скот Форстал, заменик претседателот кој беше задолжен за Сири и Епл Мапс, и овој пат никој не спомена термини како "отпуштен," "терминиран," или "избркан." Меѓутоа во соопштението стои дека одлуката "стапува веднаш на сила" и не се споменува дека Синофски има направено некои идни планови.
Иако ништо не се кажува во соопштението, Њујорк Тајмс пишува дека Синофски предизвикувал поделба во раководството на компанијата, заради што бил игнориран од голем број од функционерите на компанијата.
Целата реакција на Микрософт околу Виндоус 8 беше прилично несмасна. Откако луѓето кои го тестираа софтверот открија дека тој е збунувачки, компанијата веднаш почна да бара начин да направи некои промени во последен момент. Неговото поврзување со Surface таблетот предизвика дополнително мешаница околу двата производи.
Синофски почна да раководи со одделот за Виндоус во 2006-та, каде што помогна да се воведе ред и дисциплина во оперативниот систем по необјаснивата грешка што ја направија со Виста. Годинава тој направи 23 години како вработен на Микрософт.