Центарот Пулицер наводно има мисија да „ја подигa свеста за глобалните проблеми на кои не им се посветува должно внимание, преку директна поддршка (со давање грантови и стипендии) на новинари кои работат на било каква медиумска платформа“. Најзначајна донаторка е Емили Рау Пулицер сопруга на Џозеф Пулицер III , кој пак е внук на Џозеф Пулицер. Се смета дека тој и Вилијам Рандолф Херст до перфекција ги усовршиле техниките на американскиот жолт печат во втората половина на 19 и почетокот на 20 век, при што вниманието на читателите го освојувале со сензационално пишување и известување за секс скандали и криминал, како и преку пионерско користење на морничави илустрации за што „посликовито“ да се известува за настаните од црната хроника.
Во 2019 година, Центарот Пулицер соработуваше со весникот Њујорк Тајмс во креирањето на „Проектот 1619“, предводен од новинарката Никол Хана-Џонс. Проектот значењше одбележување на 400 годишнината од насилното носење на првите робови во американските колонии, што според учесниците на овој проект, треба да биде вистинскиот датум кога се основани Соединетите Американски Држави (наместо 4 Јули 1776 година кога е објавена Декларацијата за независност на САД). Објавен како посебен прилог во Њујорк Тајмс во август 2019 година, „Проектот 1619“ предизвика прилично силна медиумска реакција, а копиите од неделното издание беа брзо распродадени.
Првично според „Проектот 1619“ Американската револуција не претставува борбата на доселениците за ослободување од британска власт, туку борба на сопствениците на робови против оние кои се бореле за напуштање на ропството односно аболиционистите, поради што Соединетите Американски Држави настанале пред сè заради зачувување на правото за поседување робови. Наспроти историските докази, Хана-Џонс предводеше група писатели, научници и новинари кои целосно ја отфрлија работата на историчарите кои ја изучуваат историјата на колонијална Америка, со цел да ги промовираат личните ставови за создавањето на американската нација како безнадежно расистичка нација.
„Проектот 1619“ ги отфрла нормите за историско истражување, што пак остава многу простор за критики и побивање на ваквиот пристап. Сепак, имајќи ја предвид големината на Њујорк Тајмс и стравот да не се навредат моќниците и донаторите кои го финансираат „ Проектот 1619“, вистинска дебата околу наодите никогаш не се разви. Истовремено, авторите на Проектот ги отфрлаат сите критики кон нив: тие веруваат дека нема причина зошто нивните наоди да зависат од „некаков“ истражувачки консензус и архивски докази кумулирани и сортирани од научна и академска заедница. Користејќи ја новостекнатата медиумска моќ како резултат на масовниот публицитет, Никол Хана-Џонс го предводеше негирањето на академските истражувања за колонијална Америка, опишувајќи ги како пристрасни текстови напишани од белци. Едноставно, децениските истражувања и внимателно прибрани емпириски докази, не можеа да бидат достоен соперник на фондацијата која беше поддржана со милионски износи од филантропите и една од најголемите медиумски компании на светот Њујорк Тајмс.
Проектот е храбар/дрзок обид да се елиминира историскиот материјализам од образованието и пишувањето на американската историја, а истовремено ја уништува можноста за меѓусебна солидарност на оние кои ја сочинуваат американската работничка класа (а ја сочинуваат сите раси во Америка).
Социјалистичките историчари и автори на World Socialist Web Site (WSWB), беа едни од најгласните и најостроумни критичари на „Проектот 1619“, при што нивната работа никогаш не била подржана и финансирана од филантропски фондации и медиумските елити. World Socialist Web Site е исто така еден од ретките медиуми што го објавија фактот дека под притисок на историчарите, Њујорк Тајмс и Хана-Џонс тивко ги напуштија своите првични тврдења дека 1619 година е „вистинскиот момент на основање“ на САД. Наместо да објават повлекување или исправка на нивното тврдење, тие кроце-кроце ја ублажија својата теза на веб страницата на Проектот со тврдење дека целта на „Проектот 1619“ е да се утврди врската на ропството и придонесите на црните Американци кон создавањето на американскиот идентитет и националност. Денес нема ни трага од тие нивни првични тврдења но затоа луѓето од WSWB имаат копија од оригиналот.
Малкумина застануваат да се запрашаат зошто моќни и богати донатори и организации би биле толку заинтересирани да финансираат ваков проект за историјата- особено ако се има предвид дека бројни угледни историчари излегоа со силни аргументи против наодите од истиот. Бидејќи фокусот е на тоа дека расата е единствена причина за постоењето на американското ропство, Проектот 1619 ги игнорира историските и економските предуслови преку кои ропството во САД може да се спореди со другите форми на експлоатација – пример феудалното и кметско слугување од предмодерната ера или „ропското“ плаќање на екстремно ниски надоместоци на работниците од страна на индустриските капиталисти.
Со тоа „Проектот 1619“ го унапредува и засилува мотото на либералите од изминативе неколку години, а тоа е дека: меѓурасната солидарност помеѓу работничката класа е едноставно невозможна – и затоа е подобро никој и да не се обидува да воспостави универзална критикана капитализмот. Водечките мислители на Проектот 1619 инсистираат дека расата, а не класата, е причина за основните социјални и економски мани на Америка. Расизмот е, тврдат тие, транс-историски факт запишан во американскиот национален карактер.
Ова сѓе поклопува со идеолошкото видување на американскиот плурализам и наративот создаден од приватни фондации и тинк- тенкови. Од гледна точка на плурализмот, Афроамериканците се засебна и моќна група, која заради нивната посебна историја треба да се залага само за себе и за обезбедување репарации за страдањата што ги претрпеле под бруталниот период кога во Америка владеело ропството; тие немаat потреба да се приклучуваат на синдикатите со другите работници чии искуства и потреби никогаш нема идеално да се совпаднат со нивните. Другите „групи“, Хиспаносите, Латиноамериканците, Американците од Азија, домородното индијанско население и така натаму, секоја од нив засебно треба да се залага за нивните посебни интереси.
Во раните 1970 години, во времето кога се усовршуваа политиките за деиндустријализација и штедење во САД, Џонатан Коб и Ричард Сенет интервјуираа домаќин на една зграда за да ги истражат тешкотиите со кои се среќава најниската класа. Младите социолози открија дека човекот секој ден се чувствувал понижен од работата и нискиот социјален статус. Сепак, тој можел само со својата плата да купи сопствен дом, за неговите деца да не мора да живеат во зградата што ја чисти. Способноста да купи куќа и да издржува семејство само со својата плата денес е незамислива. Просечен чувар, кој сега заработува 24.000 УСД годишно, можеби наводно е формално „еднаков“ и ги има истите права со просечниот извршен директор, кој заработува 14 милиони УСД годишно. Сепак таа „еднаквост на правата“ повеќе изгледа како бескрупулозна и сурова заебанција на капитализмот и либералната демократија на сметка на работничката класа.
Несразмерно големата материјална разлика помеѓу просечната плата на домарот и извршниот директор треба да го иритира секој кој не е капиталист, но елитите меѓу кои се наоѓаат оние кои јас ги нарекувам - професионална менаџерска класа – си дозволија толку длабоко да ги прифатат и да се соживеат со вредностите на меритократијата што не се способни да согледаат колку е радикална оваа разлика во платите односно колку е суштински поразлична од сите други видови разлики меѓу луѓето.
Како што се интензивира социјалното и економското раслојување ширум светот, тоа создава политички кризи и шокови кои ги потресоа центристичките влади кои промовираа неолиберални политики за штедење во последните 50 години. Гледајќи го во лице ваквото дестабилизирачко политичко уредување, како и тековните политички и економски кризи, обновената Левица мора да креира критички настроена политичка мисла и соодветна културолошка програма. Ако Левицата одбива да понуди историски поткрепени видувања на минатото, онакви што го лоцираат современиот класен и културен конфликт во контекст на историската борба за универзални принципи на еднаквост, достоинство и еманципација, не може да се очекува дека тоа наместо нив ќе го сторат либералите.
Либералите ја напуштија историјата, затоа што сакаат да веруваат дека се супериорни и во однос на елитите од минатото и и во однос на работничката класа од денешно време. Професионална менаџерска класа верува дека е благородна извидница/авангарда, која лебди над историските форми и услови, која чекори преку ограничувањата и создава нови начини на постоење и гледање на работите. Тешко е да се аргументира со нив, бидејќи тие не ја прифаќаат дебатата како разумен начин за унапредување на знаењето.
Иако немам илузии за моќта на моите критички зборови против денес доминантните тенденции, сепак нема да престанам да ги критикувам сите опортунистички форми на анти-историска, анти-материјалистичка, анти-професионална работа во мојата област, пишува Кетрин Лиу во Quillette, австралискиот магазин кој корпоративните медиуми го сметаат за глас на интелектуалниот дарк веб.