Во пост на Веибо, од официјалната сметка на Микрософт било прашано: "Најновиот ОС на Микрософт, Виндоус 9, наскоро ќе се појави, дали сметате дека треба да го вратиме старт менито во левото должно ќоше?"
Заедно со ова е објавена и слика на која со коцки е испишана 9-ка.
По кратко време целиот пост е избришан од Веибо, а од Микрософт изјавиле дека сликата е само еден од предлозите и нема никаква врска со тоа како ќе изгледа 9-та.
За следната верзија многу повеќе информации се очекува да бидат откриени на прес-конференцијата што Микрософт ја закажа за 30-ти септември, каде што е најавено дека ќе направи промоција на технологиите на претстојниот оперативен систем. Тогаш се очекува да бидат прикажани и некои од клучните визуелни елементи на 9-та.