Компанијата која управува со централата, Констелејшн енерџи, потпишала 20-годишен договор за снабдување со струја на дата-центрите на Микрософт.
Ова е прв пат во САД да се активира нуклеарен реактор кој бил изгасен. Се очекува дека тој ќе испрати 835 мегавати во енергетската мрежа на Пенсилванија, ќе создаде 3.400 работни места и ќе придонесе со 16 милијарди долари кон економијата на оваа сојузна држава. Бројките се од Констелејшн.
Пред враќањето во погон на електраната ќе бидат неопходни сериозни инвестиции, вклучително и замена или обновување на турбината, генераторот, главниот трансформатор за напојување, системот за ладење и контрола.
Пред издавањето на дозволата за почеток со работа и рестартувањето на фабриката, ќе има и детална безбедносна и еколошка ревизија на електраната. Почетокот на работата е планиран во 2028, а Констелејшн бара дозволите да им бидат продолжени најмалку до 2054.
Голдман Сакс проценува дека потрошувачката на енергија од најголемите технолошки компании (Микрософт, Гугл, Амазон, Мета и Епл) до 2030 ќе порасне за 160%, и дека дата-центрите ќе трошат 8% од целата струја создадена во САД.
Во март 1979 вториот реактор на електраната Три милји почнува да губи вода за ладење заради расипан вентил. Реакторот прегрева и ја предизвикува најсериозната нулеарна хаварија во историјата на САД. За потребите на Микрософт, Констелејшн го активира првиот реактор.