Со купувањето на компанијата Микрософт тврди дека ќе биде „третата по големина гејминг компанија по приходи, зад кинески Тенсент и Сони.“ Активижн месечно има 400 милиони активни корисници.
Комплетниот каталог Активижн Близард (или колку што можат) ќе биде додаден на Иксбокс гејм пас и ПиСи гејм пас облак сервисите на Микрософт. Иксбокс гејм пас за сега има 25 милиони претплатници.
Пред една година Микрософт за 7,5 милијарди долари го купи Бетседа студиото, автори на игри како Дум, Вулфенштајн, Фолаут и Елдер скролс, а претходно Микрософт стана сопственик (пак за неколку милијарди долари) на Мајнкрафт.
Микрософт очекува договорот да биде комплетиран во фискална 2023 година.
Глобалниот гејминг пазар во 2021 беше проценет на 173,7 милијарди долари. Очекувањето е дека до 2027 тој ќе порасне на 314,4 милијарди долари.