Извршниот директор на Линукс Фондацијата, Џим Землин, објаснува дека членството на Микрософт ќе значи "дека ќе бидат во можност подобро да соработуваат со слободен софтвер заедницата за да испорачаат нови мобилни и облак решенија за повеќе луѓе."
Тоа што се зачленува како платински член значи дека Микрософт ќе плаќа годишна членарина од 500.000 долари. Меѓу останатите платински членови на Фондацијата се Хуавеи, ИБМ, Интел, Оракл, Самсунг, Кулаком, Циско и Фуџитсу.
Микрософт изминатите години прилично добро соработува со Линукс заедницата. Во 2012, тие беа еден од топ 20 контрибутори на Линукс кернелот. Во 2014 го отворија кодот за .НЕТ рамката, а во 2015 истото го направија и со Вижуал студио. Освен ова имаат голем придонес и во развојот на повеќе големи проекти на слободен софтвер, како Самба и Хадуп.