Семејството Шариф е под постојан притисок од јавноста, плус истрага, откако минатата година наводно протечените Панама документи покажаа дека тоа има огромно богатство скриено во оф-шор компании.
Во целата галама околу ова ќерката на Шариф, Миријам, на Твитер објавува документ кој покажува дека наводното богатство што му се припишува на семејството не е точно. И како доказ за тоа е извод од 2006.
Токму ова е мешавината од која потекнува проблемот и последователната одлука на судот дека Шариф треба да поднесе оставка затоа што лажел. Документот објавен од Миријам е со датум од февруари 2006 и напишан е со фонтот Калибри. Калибри е фонт кој прв пат се појавува на компјутерите во Микрософт офис 2007, кој излегува во - 2007-ма.
Меѓу другото истрагата открива три компании кои прават договори во вредност од најмалку 25 милиони долари, и дека Шариф е претседател на компанијата Капитал ФЗЕ со седиште во Емиратите. Иако овие дела сами по себе не се нелегални во Пакистан, премиерот и неговото семејство се обврзани да ги пријават.
Во 69-годишната историја на Пакистан ниту еден цивилен премиер (наспроти воените) не успева да истера цел прв мандат.