Амазон за овие три месеци има приход од 43,7 милијарди долари, што е 1,5 милијарда повеќе отколку очекуваните 42,19 милијарди долари.
Микрософт за 3-от квартал предвиде приходи од 23,56 милијарди долари, а го заврши со приходи од 24,5 милијарди долари.
Гугл во истиот квартал има приходи од 27,77 милијарди долари, што е 24% повеќе од минатата година.
Интел ги надминува очекувањата со 2% поголеми приходи од минатата година и речиси 400 милиони долари поголеми приходи отколку предвиденото.
Пријавените приходи на Амазон се 34% поголеми отколку во истиот период минатата година, што доведе до скок на акциите на компанијата за 7% на речиси 1.037 долари по акција. Успехот е посебно значаен за Амазон имајќи предвид дека минатиот квартал не успеаа да ги исполнат очекувањата. Само бизнисот со продажба на компјутерскиот облак, во третиот квартал донел приходи од 4,6 милијарди долари.
За четвртиот квартал од годинава, кој ја опфаќа новогодишната шопинг сезона, Амазон предвидува нето продажба меѓу 56 и 60,5 милијарди долари.