Се работи за мобилниот браусер на ДакДакГо, кој не застанува да се промовира како еден од најбезбедните за приватност и блокирање на сите што сакаат да жнеат ваши информации и однесување на интернет.
Браусерот и понатаму ги блокира тракерите на Фејсбук и Гугл, ама има исклучок за оние од Микрософт и дозволува собраните податоци да бидат испратени на домејни на Линкдин и Бинг, кои се во сопственост на Микрософт.
Откако ова беше објавено, ЦЕО-то на ДакДакГо изјави дека исклучокот се должи на „договор за пребарување“ со Микрософт „кој за жал нè спречува да ги блокираме нивните технологии.“