Поопширно:
Пред пар години колата е купена од колегата кој тврдеше дека колата има лоша ламарина, ама моторот е одличен. Мене тоа одлично ми одговараше затоа што ми требаше нешто за жена ми која само што положи колку да се научи да вози. Епа ме заеба, моторот се распадна за неколку дена, оној шугавиот 1.0 со 50КС, што се слуша ко миксер од Лидл. Купив од друг колега, кој фала Богу не ме заеба, мотор 1.3 со 68КС. Моментално моторот има минато 140.000 км, а колата 192.000. Единствен проблем е што не работи сијаличката за масло. Јас му се секирав за тоа пошто жената уште не знае кај се отвора хауба. Сега научи да вози и време е за нешто поново и Лупото мора да си оди.
Ламарината е јадна и никаква, ни јас не пројдов подобро со жена ми. Малку е удиран, малку му се лупи лакот, малку е рѓосан ама се држи на куп, и за тие пари тоа е. Прозорот од кај совозачот прави проблеми кога се отвора/затвора па треба да се избегнува. Беше цркнала бравата од кај возачот па не можеше да се заклучува, ја префрлив бравата од кај совозачот па сега работи, ама па сега од таа страна може да се отвори / затвори само од внатре, и тоа со мал трик што ќе му го покажам на крајниот купец. Ма не ни требаше да го правам тоа, која будала ќе провалеше во тоа. Малку заглавува кваката од багажникот ама работи со еден мал трик, сè е во зглобот. Ја сменив хидрауликата на багажникот затоа што врата паѓаше кога беше отворена, ама ова се фул појаки затоа што се од некоја поголема кола па немојте децата да ви го отвораат багажникот затоа што ќе ги катапултира кај комшиите. Купив и нова полица за багажникот и нов теписон, не знам што ми стана, платив полн к....
Приметив дека возачкото седиште нешто како да е чудно, како некој дебел да го извитоперил, а не е жена ми пошто е слаба, ваљда нема некој ебач. Од дополнителна опрема има Хело Кити налепница :) Колата механички е во ред, има и нови пакни и масло во кочниците, гумите се зимски и се уште се добри.
Пред некој ден колата ми беше на сервис па морав со Хело Кити да возам од Риека до Монфалконе, вози доста добро, кога треба и убаво знае да повлече, а може и да претркува, ништо не тресе, нешто ко да удира напред на амортизацијата ама не се слуша кога ќе попуштам радио. Во основа колата е брза кога ќе ја стиснеш затоа што има пократок мењач од 1.0 па фино забрзува ама има мала крајна брзина, околу 150 км/ч, и спортскиот филтер за воздух фино се слуша.
Малку пушта масло од капакот на вентилот, ништо страшно ама го има запрљано моторот, можам да го исперам па да кажам дека нема никаков проблем, ама не сакам да бидам шупак како колегата од почетокот на приказната. Фаровите се малку пожолтени, што не е ни чудо јадни тие што сè имаат видено со жена ми и колку пати животот им минал пред очи.
Ако сакате да го видите најавете се барем ден два однапред затоа што жена ми го нема усисано од внатре барем две години, па да го дадам на перење затоа што ми е срам и страв ми нешто некого да не го гризне. Регистриран е до средина на шести месец.
За прашање имате мобилен, маил. Не сум за замена, можеме и на кредитни картички, па да ја испегламе противвредност во Леснина или во Певец затоа што опремуваме некој стан.
Ако стварно ви е до Лупото, клик тука, го дава за 1.700 евра.