Иако првичната реакција беше - Микрософт сега е поиновативен од Епл, како што објаснува Стивен Леви од Бекченел, овој заклучок е премногу лесен, и според него ваквата ситуација е резултат на промена на улогите на двете компании: "ако Микрософт некогаш беше лидер на пазарот на оперативни системи, сега тоа е Епл," кој го има најпрофитабилниот и обожуван оперативен систем во сегментот што е најважен: мобилните телефони.
Ваквата рокада значи и поинаква средина за двете компании, "кога Микрософт владееше со земјата" тие беа внимателни со своите иновации за да не им избегаат премногу на корисниците на нивните постари оперативни системи и останат софтвер. Во тоа време Епл е слободен да иновира и да вади и укинува производи пред тие да станат излишни.
"Разликата меѓу лидер и предизвикувач е очигледна во двата производи презентирани минатата недела. Сурфејс студио е драматично преиспитување на концептот на десктоп компјутер. Исто така, конкретната ниш публика е потполно истата по која тргна Епл кога се откажа во безнадежниот обид за поразување на Микрософт во битката на оперативните системи.
Епл тврди дека неговиот нов Мекбук про е дефиниран од слично импресивен технолошки напредок. Да, Тач барот изгледа како оригинална иновација, иако не и како успешна: тоа ќе треба допрва да го утврдам.
Меѓутоа две работи се јасни. Прво, Епл стварно се има закотвено на верувањето дека екраните на допир не припаѓаат на десктоп и лаптоп компјутери.
Второ е дека Епл продолжува со деценискиот процес на адаптирање на нивниот компјутерски оперативен систем да функционира како смартфон. Епл своите иновации прво ги става на својот мобилен оперативен систем, кој бара почест проток на нови идеи," пишува Леви.
Видеото за Сурфејс студио, за кое Леви вели дека му фали уште гласот на Џони Ајв за да биде комплет по стандард на Епл: