Во средата Микрософт го презентираше својот прв десктоп компјутер, Сурфејс студио, кој е последниот чекор во еволуцијата на Сурфејс од проект, преку таблет до десктоп. Има екран од 28 инчи, чини 3.000 долари и е нереално револуционерен напредок кај компјутерите. Ден подоцна Епл го презентираше Мекбук про, кој е уште едно во редот предвидливи поколенија што Епл ги вади последниве години: потенок, побрз и поскап од претходникот.