Сакам да зборувам за Гугл/Алфабет и нивните аматерски тактики. Ова е дел од #BlockSidewalk дискусијата за која јас може имам уникатна перспектива.
Бидејќи истава оваа шема претходно ми ја направија и мене.
Минав 8 години во Мозила работејќи на Фајрфокс и за сето тоа време Гугл беше нашиот најголем партнер. Нашиот договор за споделување на средствата од пребарувањата носеа околу 90% од приходите на Мозила.
Кога започнав во Мозила во 2007 не постоеше Гугл Хром и најголемиот дел од луѓето од таму беа фанови на Фајрфокс. Тие градеа империја на мрежата, ние ја градевме самата мрежа.
Кога Хром беше лансиран работите се искомплицираа ама не на начин на кој би очекувал. Тие сега имаат конкурентски производ, ама не ги прекинаа врските со нас, не ни го растурија договорот за пребарувањето - ништо такво. Всушност, приказната што постојано ја слушавме беше „Ние сме на иста страна. Ги сакаме истите работи“.
Мислам дека нашите пријатели во Гугл вистински веруваа во ова. На индивидуално ниво, на нивните инженери им беа важни истите работи што ни беа и нам. Нивните луѓе за производ и дизајн донесоа многу слични одлуки и ние учевме гледајќи еден од друг.
Меѓутоа Гугл како целина е многу подруга работа од поединечните вработени. Реклами за Гугл Хром почнаа да се појавуваат веднаш до резултати од пребарувања за Фајрфокс. Гмаил и Гдокс почнаа на Фајрфокс да имаат поединечни проблеми во перформансите и багови. Демо сајтовите неосновано го блокираа Фајрфокс како „некомпатибилен“.
Секако сите овие работи се дозволени да ги правиш ако си конкурент. Но ние и понатаму бевме партнер во пребарувањето, па ќе прашавме што се случува.
И секој пат ќе речеа „упс, ова беше грешка, ќе ја поправиме во следната верзија за 2 недели“.
Пак и пак. Упс. Уште една грешка. Ќе ја поправиме наскоро. И ние ги сакаме истите работи. Сите сме од иста страна.
Имаше десетици „упс“. Стотици можеби?
Јас се согласувам со „немој да мислиш дека нешто што може да биде објаснето со некомпетентност било злонамерно“, ама јас не верувам дека Гугл е толку некомпетентен.
Мислам дека тие само ни го трошеа времето. На секое упс губевме корисници. И секоја секунда ја трошевме на напор да го поправиме тоа и на фрустрации, наместо на подобрување на нашиот производ. Подолго време беа поитри од нас и додека да сфатиме што стварно се случува веќе беше направено многу штета.
Целта не ми е да го обвинам Гугл за проблемите на Фајрфокс. Ние во Мозила тоа самите си го носиме, јас повеќе од останатите за моето време како потпретседател на Фајрфокс. Но гледам дека и во мојот град се случува истата работа и тоа не ми се допаѓа. А за мене тоа значи две работи:
1. Прашањето не е дали поедини луѓе од Сајдвок лабс се добронамерни. Некои од нив ги познавам, како што познавав и многумина од Хром тимот. Тие се исклучителни луѓе. Фокусот треба да е на однесувањето на организмот како целина. На макро ниво, Гугл/Алфабет е многу насочена кон цел.
2. Кога Гугл сака да заврши некоја работа, тој е многу ефикасен. Грешките се случуваат, ама кога видиш непрекината серија на „упс“ и одложувања од оваа организација - знај дека си надитрен.
Нека ти стане тоа јасно побрзо отколку што мене ми стана.