Таг: мозила

Сведоштво за поразот на Фајрфокс

Сајдвок лабс е компанија на Гугл која потпиша договор со властите на Торонто за изградба на „паметно маало“ во градот. Откако е доделен проектот нему постојано му се случуваат куршлуси и контроверзии, за кои Сајдвок лабс постојано се извинува и ветува дека ќе ги среди. За поранешниот потпретседател на Фајрфокс, ова е идентичната стратегија што Гугл на времето ја користи за да го порази Фајрфокс.

Стварно треба да ја пробате новата верзија на Фајрфокс

Може и претходно сте го чуле ова, ама Мозила го направи Фајрфокс како што треба. Седнаа, од корен го преработија својот браусер и го лансираа Фајрфокс 57 односно Фајрфокс Квантум. И браусерот стварно везе.

Мозила нема поим што прави Дел со Фајрфокс

Дел почнува да го наплаќа инсталирањето Фајрфокс на нови компјутери. По сите правила на расипан телефон по кои функционира интернетот, корисниците сфаќаат дека Мозила почнала да го продава Фајрфокс. На Мозила не и се верува за што треба да се објаснува.