
Според ценовникот на сајтот на Дел, инсталирањето Фајрфокс на нов компјутер, кој се смета за "дополнителен софтвер," се наплаќа околу 1.200 денари.
Мозила уште истражуваат во што е целата работа и само објасниле дека: "нема договор меѓу Дел и Мозила кој му дозволува на Дел или на кој било друг да наплаќа за инсталирање Фајрфокс."
Опцијата за инсталирање прв ја пријави The Register, а досега неа ја има само на британскиот сајт на Дел. Американскиот и канадскиот за сега не спомнуваат дека наплаќаат за инсталирање.
Од Дел објаснуваат дека "на корисникот не му се наплаќа симнувањето на Фајрфокс, туку времето и трудот вложени од нивните вработени" за инсталирање на софтвер кој не е дел од стандардниот пакет.