Од Мозила тврдат дека во создавањето на Квантум брзината и внимавањето на ресурсите биле прв и главен приоритет:
„Направивме многу, многу подобрувања на перформансите во јадрото на браусерот и испорачавме нов ЦСС енџин, Стајло, кој подобро го искористува денешниот хардвер со повеќе јадра кои се оптимизирани за помала потрошувачка на енергија. Уште едно подобрување е што сега Фајрфокс го приоретизира табот на кој што се наоѓаш во однос на другите, со тоа подобро искористувајќи ги вашите ограничени системски ресурси,“ објаснуваат од Мозила.
Според бројките на Мозила, 57-цата користи 30% помалку меморија отколку конкуренцијата (а.к.а. Хром) кога работи на Виндоус.
Во тестовите на Верџ отворањето на повеќе табови во Квантум зафаќа помалку меморија отколку истата операција во Хром, „на мојот Асус лаптоп со Интел Кор и5, тој започнува 5 процеси за 20 отворени табови, додека Гугл Хром има 21 процес за 14 табови.“
Освен што зафаќа помалку РАМ, Фајрфокс 57 бил и подеднакво брз или побрз од Хром во голем број случаи. Дигитал трендс оценуваат дека „Фајрфокс Квантум е првиот веб браусер што активно ja искористува моќта на процесорите со повеќе јадра, додека најголемиот дел од браусерите, како Хром, не се направени земајќи ги предвид чиповите со повеќе јадра.“
За сега главен проблем со новиот Фајрфокс е во екстензиите што ги имате, па ако некоја не е апдејтувана да работи со новиот енџин за екстензии на 57-цата, тогаш останувате без нејзе.
Ако ви се симнува, клик тука.