Три фори за Гугл мапс

Како да направиш Гугл мапс без предрасуди да ти памти каде ти е паркирана колата, како да им покажеш на сите каде си и како да скриеш каде си.

- Паркирај, излези од кола (или не), отвори Мапс апликацијата и само еднаш допри ја сината точка што ја покажува твојата локација.

Во новиот син прозорец, ја избираш опцијата да ја зачуваш локацијата каде си паркирал. Бонус имаш и опција да наместиш потсетник за време и да додадеш фотографија од паркираното возило.
 

- Нешто слично на споделување локација на Вибер, само Гугл мапс дозволува следење во живо на твојата рута. Се активира исто како претходната опција, со допирање на синиот круг што ја претставува твојата локација и избираш „Share your location“.

Можеш да избереш колку да трае ова - 1 час или додека рачно не го исклучиш, и потоа имаш избор од твоите контакти на кои сакаш да им пратиш линк од преносот. Ова е достапно и ако си сред навигација, само таму се активира преку белата лента на дното од екранот и кликање на „Share trip progress“.
 

- За ситуациите во кои не сакаш Гугл да памти каде си бил (за утре да не мораш да се објаснуваш), Мапс имаат нова „инкогнито“ опција во која Гугл не памти, ниту запишува било што за тебе. Се активира со кликање на иконата од твојот профил, горе десно и со избирање на инкогнито опцијата.

24 јануари 2020 - 11:40