Проектот го водат под брендот Grow (grow.google) а целта му е да ти помогне „да најдеш работа, да ја унапредиш својата кариера или бизнис“.
Така на пример, ако сакаш раст на твојот бизнис имаат практични совети алатки за тоа:
- Како да го префрлиш твојот бизнис он-лајн.
- Како да го пораснеш твојот бизнис.
- Како да добиеш финансиска поддршка.
- Како да се бориш за разноликост.
Од друга страна за унапредување на твојата кариера и самиот себе, Гугл ти нуди да:
- Научиш нова вештина.
- Да најдеш работа.
- Да го подобриш своето ментално здравје.
- Како далечински да функционираш.
- Како да подржиш локален бизнис.
- Како да бидеш безбеден онлајн.
- Како да се бориш за разноликост (не е дупликат).
Освен ова, под „Програми“ има посебни пакети за учење поделени во неколку категории, во кои совладувате и социјални и компјутерски вештини. Пример обука за унапредување на самиот себе, или за унапредување на твојот бизнис, или за наставници, итн.
Гугл на располагање става и платформа за учење и изучување вештачка интелигенција, и платформа со алатки и совети за далечинско работење.
Згора на сите овие работи посебен сегмент се професионалните курсеви (исто така бесплатни) од кои добивате сертификат во неколку области (ИТ поддршка, Проект менаџмент, Дата-аналитика, УХ дизајн) кои би можело да ви помогнат во професионалниот живот.