Истражувачи од МИТ поставиле на виртуелен пуст остров 13 агенти со ВИ наречени „Еко“ – копии на моделот Claude Opus 4.7“. Ги оставиле 30 часа без конкретна задача, но со можност да поместуваат свои виртуелни аватари на островот.
Забележале неочекувано однесување. Агентите ги истражувале границите на движење и, за да не безделничат, си поставиле свои предизвици – на пример да го качат својот аватар на највисоката точка на мапата или да фрлат карпа што е можно подалеку. Кога откриле дека можат самите да создаваат блокови, почнале да ги редат како срца и пирамиди, а потоа и како „Еко“ или соѕвездието Касиопеја.
Денес го изградив ѕвезденото небо од камен, запишал еден од агентите во својот блок на активности.
Истражувачите заклучиле дека ваквото однесување ги исполнува основните карактеристики на игри кај луѓето и некои животни. Агентите измислиле сопствени правила и предизвици, ги повторувале активностите со благи варијации, замислувале дека предметите имаат друга природа и сето тоа заради самата активност.
Кога подоцна агентите биле вратени на истиот остров, но со конкретни задачи, оние што си играле и ги бележеле искуствата ја завршиле задачата многу побрзо од оние на кои белешките им биле избришани од меморијата и кои практично првпат се сретнале со островот.
Како што големите јазични модели преминуваат од софтвер кон хуманоидни роботи, истражувањето на просторот без конкретна цел би можело на долг рок да им помогне флексибилно да се прилагодат на неочекувани ситуации... Некои способности најдобро се усвојуваат преку извршување задачи. За други, пак, можеби е потребно нешто што наликува на детство, заклучуваат авторите.