Микрософт бара новата алатка да создава зависност кај луѓето

Главната цел на Микрософт за новиот личен асистент со вештачка интелигенција OpenClaw/Scout е да предизвика зависност кај корисниците пред да му се додадат нови функции, покажува внатрешен стратегиски документ. „За среќа, Микрософт е прилично лош во правењето производи што создаваат зависност во споредба со другите“, коментира еден вработени.

Микрософт веќе го тестира софтверот OpenClaw, како внатрешна алатка за вработените., како дел од проектот Lobster, со кој алатката треба да биде прилагодена во верзија за корисници без техничко искуство. Микрософт во вторникот официјално го промовираше Scout како „секогаш активен личен агент“ кој работи врз архитектурата на  OpenClaw и ќе биде интегриран во поширокиот софтверски пакет Микрософт 365.

Алатката би требало да им помага на корисниците да креираат сопствени агенти за ВИ кои би испраќале електронска пошта, би уредувале распореди, би објавувале постови и слично.

Во посебен дел се наведуваат три фази од планот за лансирање. Првата фаза е „Направете ги луѓето зависни“.

Пилотирајте го корисничкото искуство, зголемете ја базата на корисници и изградете го екосистемот на вештини и алатки што ги тера луѓето да зависат од него секојдневно, се вели во документот.

Водачот на проектот, Омар Шахин додава дека при тестирањето вработените виделе можности за „секојдневна употреба со високо задржување и интензитет - разговори, барања, работни процеси и вештини“. 

Извршниот директор Сатја Надела го критикувал интерниот документ на Шахин.

Ова е апсолутно непотребна цел! Ако ништо друго, ние го правиме токму спротивното. Сакаме да се осигуриме дека вештачката интелигенција додава вистинска вредност на човечките напори и широкиот економски раст, им порачал Надела на 50 врвни инженери ангажирани на производи со ВИ.

Еден од вработените запознаен со проектот, забележува дека создавањето зависност е крајна цел на софтверот на сите големи технолошки компании.

За среќа, Микрософт е прилично лош во правењето производи што создаваат зависност во споредба со некои од другите големи компании, вели вработениот.

6 јуни 2026 - 15:23