Стрит вју е идеја на Лари Пејџ, ко-основачот на Гугл, кој сака да направи дотогаш незамисливо нешто, цел свет да можеш да го „шеташ“ преку компјутер.
Лично Пејџ во 2006 ги прави првите снимки од околината на Сан Франциско, што се користат за вежбање и разработување на проектот. Првата верзија на Стрит вју е достапна за јавност веќе во мај 2007.
Првите камери што се користат за Стрит вју се 4 мегапиксели. Денешните се 140 мегапиксели.
По пет години работа, во 2012, Стрит вју тргнува и оф-роуд. Тука нема коли, туку луѓе, камили, овци, товарени со персоналниот снимач на патеки со тежина од околу 16 килограми.
Следен чекор за Гугл е пуштање на новата генерација камери, кои ќе можат да бидат монтирани на кој било автомобил. Гугл е посебно горд што кај оваа генерација успеал технологијата што порано зафаќала цело задно седиште на автомобил сега да ја спакува во кутија која тежи околу 7 килограми.