Новиот Закон за регистрација на мобилни телефони на Мексико стапи на сила во јануари и ги опфаќа и претплатените корисници на мобилните телефони, но и оние со електронски и физички SIM картички, кои досега можеа да се купат анонимно во продавница.
Сите претплатници имаат рок до 30 јуни да се регистрираат со легитимација, фотографија и биометриски податоци. Оние што нема да го сторат тоа, ќе бидат исклучени од мрежата.
Промените се спроведуваат преку CURP Biométrica, механизам за биометриско ажурирање на регистарот на населението. Луѓето што бараат мобилна линија мора да го наведат својот CURP број заедно со важечка лична карта.
Во владината програма не се предвидени ослободувања од обврската за лица од ранливи категории, како жртви на семејно насилство, активисти или новинари.
Суд во сојузната државата Јукатан во септември ја суспендираше програмата CURP Biometrica заради заштита на приватноста на граѓаните, но федералната влада продолжи со иницијативата.
Покрај Мексико, и Индија, Нигерија и други земји веќе ја поврзаа регистрацијата на SIM картички со националните бази со биометриски системи за идентификација. Како причина за воведувањето на контролата се наведува избегнување на измами.