Гугл мора да го блокира каналот Цариград со православни црковни содржини затоа што неговиот сопственик е под санкции на САД, ама по одлуката на рускиот суд Гугл за да ги спроведува овие санкции ќе мора да почне да плаќа казна секој ден.
Шемата за казната на Гугл е следна: 1.360 долари дневно, кои растат секој ден и отприлика се дуплираат во рок од една недела. Казната е ограничена на максимална сума од 1 милијарда рубљи (13,54 милиони долари) во првите 9 месеци од одлуката, по овие девет месеци, казната повторно може да продолжи да расте.
Гугл на суд се обиде да аргументира дека морале да го изгасат каналот бидејќи бил опфатен со санкциите од САД, и ако не го направи тоа ќе биде казнет според американските закони.
Русија периодов се обидува да ги доведе во ред странските социјални мрежи, што заради вакви постапки, што заради нарачки за бришење недозволени содржини, и освен паричните казни, често пати се практикува и забавување на брзината за пристап до масовните платформи на Гугл или до Твитер.
Во септември за време на парламентарните избори Гугл и Епл отстранија една апликација за гласање од своите продавници во Русија, откако властите им се заканија дека ќе уапсат нивни локални вработени.