Русија го казни Гугл на сите пари на светов

Рускиот суд пресуди дека Гугл им должи оштета на руските медиуми заради блокирање на нивните содржини во износ од цели 20 децилиони долари. Бројката се пишува 20 со 33 нули.

За подобра перспектива на бројкава, Светската банка го проценува глобалниот БДП на околу 100 илјади милијарди долари (100.000.000.000.000$). Бројкава што ја бара рускиот суд изнесува 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000$.

Пресудата е исход на судење кое се води веќе четири години и започна откако Јутјуб го забрани рускиот канал Царград во 2020, заради санкциите што САД ги воведе против неговиот сопственик.

Претходно судот му нареди на Гугл да ги врати овие канали во програма, а за непочитувањето на оваа пресуда следува казна од 1.025 долари на ден, со тоа што вкупната казна секоја недела се дуплира.

Бидејќи во Гугл целосно се повлече од Русија во 2022 и таму нема ни долар на сметка, сега руските власти се обидуваат преку судови низ светот да пробаат да запленат имот на Гугл.

Од Алфабет не се нешто посебно потресени дека Русите ќе успеат во своите намери.

30 октомври 2024 - 11:52