Аналитикс
Аналитикс е една од работите што МОРА да ја имате на вашата веб-страна, и ТРЕБА да научите како подлабоко да ја користите. Ја имате за да сте сигурни дека секоја една активност на вашата веб-страна ќе биде евидентирана, ја учите за да можете да извадите неспоредливо повеќе информации за вашите корисници, што тие сакаат (без разлика дали знаат или не дека сакаат нешто) и што треба да им испорачаш.
Пејџ инсајтс
Алатката се користи на два начина. Мирољубиво, чисто за да знаеш што му фали на сајтот и каде треба да фатиш и да досредиш; и не така мирољубиво за кога програмери си ги мерат сајтовите и се чаталат кој бил подобар, побрз и слично. И во двете ситуации алатката дава и решенија за грешките што ги имате.
Тест за мобилен
Ова е една од првите адреси што треба да се отвори при тестирање на сајтот за да видиш како тоа што си го скоцкал/а се однесува на мобилни уреди. Како што ќе ти покаже погорната алатка за аналитики, мобилните уреди доминираат со сурфањето и посетите на веб-страни.
Фонтови
Ова е една од алатките уште од времето кога Гугл повеќе гледаше да направи добро, отколку да биде глобален господар. И отприлика таква и остана. Сервисот служи како се пообемна библиотека на бесплатно достапни фонтови кои можете да ги симнете за да ги користите локално за најразлични дизајни и проекти, или да ги ембедирате во вашата страна како фонт по ваш избор.
Бизнис
Гугл бизнис не е толку тесно поврзана со правењето веб-страни, колку што е општо со поседувањето на каков било бизнис, фирма, бутка... Гугл бизнис е нешто како вашата лична карта на Гугл, која излегува кога некој ќе го пребара името на вашата фирма, и ги содржи најосновните начини за контакт и локација.
Пребарувач
Гугл ви овозможува целосната моќ на неговиот пребарувач да ја впрегнете за вашата веб-страна и сето тоа е прилично лесно направено за користење, дури и за најпочетници.
Веб дев блог
Овој пат не е алатка, туку блог на Гугл во кој се споделуваат совети и најдобри практики за луѓе што се занимаваат со создавање веб-страни, и како да се унапредиш во својата работа, од теми како побрз сајт и подобро СЕО, до корисничко искуство.
Флутер
Збирката алатки на Гугл за дизајнирање на подобри кориснички искуства, од мобилни апликации, до веб и десктоп.
АМП
Не користете АМП!