Освен родителите на починатите, против начинот на оценување на тестовите се кренаа и стотици родители кои тврдат дека нивните деца добиле погрешни оценки, а во голем број случаи и не го положиле тестот. Дел од учениците тврдат дека се појавиле на испитот, а сепак биле запишани како отсутни, или дека добиле нула поени на тестови што ги завршиле.
Бордот за средно образование во сојузната држава Таленгана, го има аутсорсирано оценувањето на надворешна софтверска компанија, чиј софтвер според родителите е главниот виновник за погрешните резултати. Главната поплака на родителите околу системот на Глобарена е начинот на кој се пополнети табелите со оценки и запишувањето на оценките по завршување проверката на тестовите.
Од објавувањето на резултатите на 18-ти април до сега, канцелариите на Бордот за средно образование во Таленгана се под постојана заштита од вооружена полиција, и под опсада од гневни студенти и родители.
Колку се важни овие испити за Индијците? На сликата се родителите на учениците што го полагаа испитот во 2015, како им помагаат и дофрлаат на своите деца.