Таг: индија

Овие ако ја спукаат нема да има кај да бегаме

Едно од крвните ривалства на планетава кое за цело чудо со децении нема еруптирано е меѓу Кина и Индија. За ова помага и еден договор меѓу двете држави од 1996 кој забранува користење оружје од граничарите од двете страни на границата.

Израел ќе носи работници од Индија за да ги замени Палестинците

Барањето од израелскиот градежен сектор до Нетанјаху е интервентен увоз на 100.000 работници од Индија кои ќе треба да заменат 90.000 Палестинци што останаа без работни дозволи по почетокот на војната.

Кина и Индија се тужакаат кој подобро паркирал на Месечината

Индискиот Чандрајан-3 минатиот месец стана прво летало кое слетало во близина на крајно посакуваниот Јужен пол на Месечината и со тоа да го сруши кинескиот рекорд за најјужно слетување. Кинезите сега тврдат дека Индијците лажат.

Како Игор Штимац со помош на астролог ја однел Индија во Азискиот Куп

Ако некој не знае каде е и што прави поранешниот играч и селектор на Хрватска, Игор Штимац, тој е селектор на Индија уште од 2019-та. Тимот го бирал на многу необичен начин. Мисијата успешна.

А по дождовите, свлечишта

Делови од Индија неколку денови беа под постојано дождови. Како престанаа дождовите така индиските брда почнаа да лизгаат. До сега има 60 загинати.

Дупката во санкциите се вика „трошоци за испорака“

Г7 воведе горна граница за цената на руската нафта, која не смее да се купува поскапо од 60 долари за барел, и ова е почитувано од нејзините сојузници, вклучително и оние подалечните како Индија. Меѓутоа ЕУ не воведе горна граница за тоа колку руски танкер може да го наплати транспортот на нафтата.

Не функционер, функционериште

Локален функционер од Индија наредува, затоа што му се може, една брана од неговата околија да биде испразнета за тој да може да го најде мобилниот телефон што му паднал во водата.

Индија ќе работи на колонијално освестување на Британија преку враќање на украденото богатство

Индиската влада работи на кампања за враќање на кралските бесценети камења, вклучително и оние од круната, и музејски артефакти од Британија во споредба со која грчкото барање за Мермерите од Акропол изгледа како кусур во маркет.

Индија и официјално е најнаселената држава во светот

Во последниот извештај од Обединетите нации, по децении доминација, Кина ја изгуби титулата најбројна нација на светот, која од сега и официјално и припаѓа на Индија.

Исто е, ама не е исто

На граничник меѓу САД и Канада, девојка демонстрира колку е лесно да се скокне од едната на другата страна. Дечко сака да го покаже истото, меѓу Индија и Пакистан.

Ова не е зомби апокалипса

Звукот е од зомби апокалипса / игрица и е монтиран на видеото, и ништо друго не е монтирано, само обично утро во Индија со луѓе што чекаат превоз за на работа.

Најважната лекција што Европа треба да ја научи

Човекот зад изјавата е Субрахманјам Јаишанкар, министерот за надворешни работи на Индија, кој деновиве беше на една конференција за безбедност во Братислава, каде се инсистираше на подаништво од Индија кон Западот и му се качуваа на глава околу индиската соработка со Русија и незаинтересираноста околу санкциите и општо западната агенда.

Јас сум го раѓал, јас ќе го тужам

Индиски родители бараат отштета од над половина милион евра од својот 35 годишен син и неговата сопруга, доколку во рок од една година не им испорачаат внук / внука.

Селото во кое името на секој жител е посебна мелодија

Се вика Конгтонг и се наоѓа недалеку од границата со Бангладеш. Сите во ова село си имаат име во форма на музика - краткото е за довикување кога човекот е во близина, долгото ако е кај комшиите или во џунглата.

Што се знае за индискиот сој на ковид?

Варијантата која прв пат беше идентификувана во Индија минатата година, според СЗО се шири побрзо од другите варијанти на ковид-19. Ова се покажа точно и на терен каде Индија не може да постигне ни да ги згрижи заболените, ни да ги закопа починатите.

Индија е глобално предупредување, не локален проблем

Индија како најголемиот глобален производител на вакцини, пред некое време ја надмина границата од 345.000 новозаболени од ковид-19 во еден ден.

Како Британија украде 45.000 милијарди долари од Индија и лажеше за тоа

Приказната што често се раскажува во Британија е дека колонизацијата на Индија - со сите свои ужаси - не била од голема економска бенефит за самата Британија. Па дури и дека владеењето со Индија било трошок за Британија. Па самото тоа што империјата толку долго се задржала, било гест на британска благонаклоност.

Две стативи и пречка од еден шут во Индија

Керала Блејстерс и Гоа во идниската Супер лига одиграа 1-1, а гостите во еден момент одиграа неверојатна акција после која топката ги погоди и двете стативи и пречката од еден ист шут.

Вистинскиот Могли? - момчето oд Индија кое во 19 век живеело со волци

Шестгодишно момче во 19 век живеело со глутница волци, но неговата судбина не е ни од далеку толку забавна како онаа на Могли од „Книга за џунглата“ на Радјард Киплинг.

Киното во кое еден филм се прикажува цели 24 години

Велат дека ако прашате некој во Индија дали го гледале „Дилваге дуланиа ле џајенге“ или ДДЛЏ, голема е веројатноста дека ќе ви одговорат со „да“. Филмот е значаен дел од историјата на индиската кинематографија. И е толку популарен што се прикажува секој ден, во последните 24 години, во кино сала во Мумбаи.

Индиска прикаска од 20 милијарди долари, минимум

На индиско кралско семејство вратена му е контролата врз храмот Шри Падманабхасвами, едно од најбогатите верски собиралишта во светот, со богатства (за кои се знае) проценети на 20 милијарди долари.