Индискиот сој стручно се води како Б.1.617 и до сега тој е пријавен во барем 17 држави.
Б.1.617 има две клучни мутации на „шпицот“ на вирусот со кој тој се закачува на човековите клетки, и заради овие две мутации тој е далеку поуспешен во ширење.
Индиската варијанта е доминантна во Махараштра, најтешко погодената индиска сојузна држава, а процените на инфектолозите е дека неверојатниот обем на зарази за така кратко време покажува дека Б.1.617 е надмоќна кон секој претходен имунитет од природни болести кај овие популации.
Дивеењето на корона во Индија не е само заради индиската варијанта, туку во одредени делови се должи и на британската варијанта (Б.117), пример во Њу Делхи. Исто така тука многу помогнаа некои одлуки на индиската влада, кои овозможија масовни собири со десетици илјади луѓе.
Една олеснителна околност е што првичните истражувања покажале дека Коваксин, индиската вакцина, е способна да ја неутрализира оваа варијанта. Дополнително, за сега научниците тврдат дека нема докази дека индиската варијанта предизвикува ковид со потешки симптоми или дека ја намалува ефикасноста на вакцините.